Фадиљ Зендели од Беса кандидат за градоначалник Гостивар

Актуелниот пратеник и потпретседател на политичката партија Беса ќе биде кандидат за градоначалник на општина Гостивар. Тој беше единствен предлог на основачкото собрание на гостиварскиот огранок, кое се одржа синоќа.

На една од точките од дневниот ред беше и избор на кандидат за градоначалник, по што членовите на собранието едногласно го поддржаа предлогот, Зендели да биде кандидат за претстојните избори. Тој во обраќањето по изборот најави дека ќе работи на организирање на членството и постигнување на добри изборни резултати.

"Целосно сум свесен за потребите и барањата на граѓаните и свесен сум за тие предизвиците. Но, без сомнение, на 17 октомври, имаме одлична можност заеднички да ѝ дадеме голем поттик на општината за побрз развој и да ја издигнеме. Затоа, овие избори не се само прашање на изборна конкуренција, туку конфронтација на вредности и идеи, стратегии и проекти во подобрување на животот на сите нас што живееме во општина Гостивар“, рече Зендели.

Листата за кандидати за членови на општинскиот совет, ќе биде објавена на генералното собрание кое според најавите треба да се одржи пред 11 септември.

Раководството на партијата откако претходно ги распушти ограноците низ земјава, донесе одлука за реорганизација и нивно активирање пред локалните избори.

На основачкото собрание, на кое присуствуваа претседателот Биљал Касами, министерот за земјоделие Аријанит Хоџа и заменик министерот за образование Арафат Шабани беа избрани раководните тела на огранокот. Нов претседател гостиварскиот огранок од синоќа е Арбен Адеми директор на театарот во Гостивар.

Кандидатурите за градоначалник на Гостивар досега ги официјализираа Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и Рената Елези од ДПА. Според најавите на раководството на ДУИ, нивен кандидат ќе биде Невзат Бејта. 

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе