Европските Зелени: Блокада на преговорите со Северна Македонија би било грешка од историски димензии

По повод посетата на претседателот Стево Пендаровски на Брисел, партијата на Европските Зелени бараат од земјите членки на Европската Унија итно да отворат преговори со Северна Македонија.

Ние, Европските Зелени, ги повикуваме итно земјите членки на ЕУ да помогнат за отворање на пристапните процеси со Северна Македонија. Блокирањето на оваа важна одлука сега би значело грешка од историски димензии, би имало екстремно негативни последици за европската безбедност, за стабилноста на Балканот и за кредибилитетот на ЕУ на меѓународната сцена. Тоа би било и ужасно предавство кон народот во Северна Македонија, соопшти ко-претседателот на партијата, Рајнхард Бутикофер.

Зелените истакнуваат дека Владата на Северна Македонија покажала доверба во европската демократија и верба во политиката на отворени врати на ЕУ преку склучувањето на договорот со Грција, потврден од граѓаните на референдум.

„Јасно е дека овој пат нема да се изоди инстантно, ќе треба време и напор и без целосна имплементација на Копенхашките критериуми, зачленувањето ќе биде невозможно, но Северна Македонија се избори, преку своите дела, за правото конечно да почне да напредува кон целосно вклучување во европското семејство на нациите“, сметаат Европските Зелени, на помалку од една недела до клучниот Совет на ЕУ на кој би требало да се расправа за ова прашање.

Зелените ги повикуваат владите на земјите членки на ЕУ да покажат „барем половина од храброста што ја покажаа граѓаните на Северна Македонија" и да дадат зелено светло за преговори со ЕУ. 

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе