ПОДДРШКА

Европскиот парламент охрабрува поголемо политичко учество на ЛГБТИ лицата во Македонија

Европратеникот Иво Вајгл утринава се сретна со претставникот на Субверзивен Форнт, Антонио Михајлов, а на состанокот присуствувале и Филип Аврамчев, член на Извршниот Одбор на ЛДП и Јасмина Конеска, членка на Советот за евроатлантски интеграции и Одборот за меѓународни политики.

На состанокот, како што соопшти Субверзивен Фронт, се разговарало за положбата на ЛГБТИ лицата во Македонија и начините како Европскиот парламент може да помогне во нејзиното подобрување. Исто така, се зборувало и за досегашните заложби на ЛДП во застапувањето на правата на ЛГБТИ лицата, како и идните активности планирани во овој домен. ЛДП е една од малкуте политички партии во РМ кои континуирано и отворено ги поддржуваат ЛГБТИ лицата во нивната борба за еднаквост во општеството, како дел од пошироката кампања за еднаквост и човекови права за сите.
„Во последните 2 години, ЛГБТИ-прашањата беа на маргината од политичкиот дискурс во Македонија, како и прашањата на останатите маргинализирани општествени групи, како Ромите и бегалците. Политичката криза која настана со објавувањето на аудио записите од прислушкуваните комуникации на 22.000 лица во Македонија, меѓу кои и политичари од опозицијата, министри, новинари, активисти и останати, ги пласираше корупцијата и криминалот како главни теми кои го окупираа јавното и медиумското внимание и интерес. Заштитата и остварувањето на човековите права кои се универзални за сите граѓани на РМ, вклучително и за лезбијките, геј мажите, бисексуалните, транс и интерсексуалните лица во Македонија, беа занемарени во политичката дебата“, изјавил Антонио Михајлов.
Европратеникот Вајгл истакнал дека Европскиот парламент ќе продолжи со посветеноста во застапувањето на правата на ЛГБТИ-лицата во рамките на надлежностите кои ги има, а посебно во земјите кандидати и аспиранти за зачленување во ЕУ. Истовремено, тој ја изразил загриженоста од зголемувањето на влијанието на конзервативните и десничарски движења и реторики ширум Европа, посебно после Брегзит и победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, кои со себе вообичаено репродуцираат хомофобични и исклучувачки реторики.
Михајлов, исто така информирал за актуелната кампања „Гласај за еднаквост“ која што ја спроведува Субверзивен Фронт, а се однесува на политичкото учество на ЛГБТИ-лицата во РМ во светло на предвремените парламентарни избори на 11 декември 2016, како и за Првата национална ЛГБТИ-конференција во Македонија, закажана на 5 декември. 

 

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе