Брисел

Европската комисија се спрема за неколку дена да почне да користи „Република Северна Македонија“

Европската Комисија се подготвува за неколку дена да почне да го користи новото име „Република Северна Македонија“, откако ќе завршат сите предвидени процедури помеѓу Скопје и Атина за да влезе во сила употребата на новото име во европските институции. 

Македонија треба сега да ги извести Обединетите Нации и сите меѓународни и регионални организации дека Преспанскиот договор стапи во сила и да побара од нив да го користат терминот „Северна Македонија“. Според дипломатски извори, како што јавува МИА од Атина, Европската комисија очекува известување од Скопје до среда оваа недела, паралелно со известувањето до ОН.

Меѓутоа, некои работи не се до крај разјаснети, информираат во ЕК, односно нејасно е дали промената на терминот ќе се случи веднаш или дали ќе се чека одлуката на Колеџот на комесари или пак на Советот за надворешни работи на ЕУ, предвиден на 18 февруари, каде во заклучоците би можело да биде усвоена официјално употребата на новото име од страна на министрите за надворешни работи на ЕУ.

И во Советот и во Комисијата се работи на утврдување на процедурите, информираат од овие институции.

МИА

 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе