Европската комисија ја осуди полициската бруталност против Ромите

Европската Комисија е запознаена и ја осудува полициската бруталност против лицата од ромско потекло во Битола минатата недела, јавува МИА од Брисел.

„Многу јасно осудуваме секаква неоправдана употреба на сила, нотираме дека властите го осудија инцидентот и дека преземаа чекори за отворање истрага за одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата“, вели портпаролката за проширување на Европската Комисија, Ана Писонеро.

Европската Комисија не ја коментира истрагата, ниту судските постапки, додека се во тек, но нагласува дека нејзината позиција во однос на полициската бруталност и прекумерната употреба на сила е „многу јасна осуда“.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе