Брисел

Европската слободна алијанса до ЕУ: Отворете го прашањето на македонското малцинство во Бугарија

Официјално да го отворите прашањето на македонското малцинство во Бугарија. Да го вброите односот кон малцинствата, и особено односот кон македонското малцинство, во прашањата кои се предмет на набљудување во Бугарија. Да инсистирате од Бугарија да почне да ја применува Рамковната конвенција кон сите малцинства, вклучително и кон македонското малцинство. Ова се дел од барањата кои Европската слободна алијанса (ЕФА), алијансата на партиите на малцинствата во Европа, ги испрати до раководството на ЕУ.

Во писмото до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и до еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, ЕФА во име на македонското малцинство повика да се испитаат случаите на дискриминација и говор на омраза против Македонците и Бугарија без приговор да почне да ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човековите права.

„Во име на Европската слободна алијанса и нашата членка, партијата ОМО Илинден - Пирин, изразуваме загриженост за положбата на македонското малцинство во Бугарија, за тоа дека со  години македонското малцинство е изложено на малтретирање од страна на државата и му се негираат основните човекови права кои се загарантирани според законите на ЕУ.

Регистрирањето на македонските организации честопати се блокира од страна на бугарската држава, а говорот на омраза и дискриминацијата против малцинството е сеприсутна.

Мора да се воспостави активен дијалог меѓу државата и претставниците на малцинството, со цел да се разрешат овие проблеми. Правата на малцинствата се универзални и сите случаи на нивно кршење мора да се испитаат и да следи соодветна реакција“, се вели во писмото на Европската слободна алијанса до раководството на ЕУ.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе