„Ова нарушување на приватноста директно влијае врз слободата на медиумите во Македонија, разгорувајќи клима на страв и автоцензура. Ако се потврдат обвинувањата, тогаш македонските власти очигледно го прекршиле правото на новинарите да ги заштитат своите извори“, вели Могенс Бличер Бјерегард, претседател на Европската федерација на новинари.
„Ние со години бевме гласни за тоа дека македонската Влада – всушност една мала група на луѓе во рамките на владата – ја контролира работата на новинарите и на содржината на медиумите. Го знаевме тоа. Но, страшно е да се слушнат доказите за тоа “, вели Тамара Чаусидис, претседател на ССНМ.
Федерацијата потсетува дека работната средина на новинарите и слободата на медиумите е сериозно влошена во Македонија, поради растечките закани и малтретирање во насока на критичките медиуми од страна на Владата на премиерот Никола Груевски.