По средбата со Спасовски

Европратеникот Чолош со порака: Со валкана изборна кампања, губат сите, и граѓаните и државата

Независно од резултатите од изборите, на Северна Македонија ќе и треба силно мнозинство во Собранието, за да ги спроведе реформите кои се потребни и за народот, но и со цел да успее во процесот на пристапување во Европската Унија, изјави денеска лидерот на парламентарната група Обновена Европа во Европскиот парламент, Дачијан Чолош на заедничка прес-конференција со премиерот Оливер Спасовски.

„Ако реторикатa отиде во валкана насока, губитници ќе бидат граѓаните на Северна Македонија, но и самата држава. Затоа сметаме дека е важно и медиумите да создадат атмосфера и рамка за една дебата за тоа што политичарите и политичките партии сакаат за Северна Македонија во иднина”, рече Чолош, одговарајќи на новинарско прашање околу текот на изборната кампања.

Европратеникот нагласи дека токму затоа се инсистира реториката за време на изборната кампања да се одржува во рамки кои ќе овозможат отворање на вратите за соработка меѓу партиите по изборите.

„Единствените резултати што можеме да ги добиеме со валкана реторика е да ги оставиме луѓе да останат дома и да не излезат на гласање. Без политичко мнозинство, без легитимитет од народот, без голема излезеност, мнозинството во Парламентот ќе биде помало и не ќе може да се спроведуваат реформите”, додаде Чолош.

Според него, на Македонија и се потребни реформи и ако некои политички субјекти ја користат кампањата само за да напаѓаат без да нудат конкретни решенија, тогаш губитници ќе бидат сите, вклучително и ЕУ.

„Јас како Романец и пратеник во Европскиот парламент ја сматам Северна Македонија како партнер, затоа што ако зборуваме искрено, културно и во географска смисла, вие сте Европејци. Единствено што треба да го направиме сега, е да ги зближиме нашите визии за да работиме заедно”, истакна Чилош.

Премиерот Спасовски од своја страна кажа дека Владата ќе спроведе фер и демократски избори, односно ќе создаде вистински амбиент да можат институциите да функционираат нормално и да се создаде атмосфера граѓаните да донесат слободни одлуки.

Одговарајќи на прашањето за очекувањата од изборната кампања, Спасовски истакна дека дали таа ќе биде валкана ќе зависи од политичките субјектите што учествуваат во изборниот процес.

„Мислам дека одредени политички субјекти се уште не разбраа дека луѓето гсакаат позитивни работи. Сакаат да видат што е тоа што вие ќе им го понудите. Каков развој и просперитет, каква надеж нудите за државата, кои се тие приоритети кои што се од интерес на граѓаните”, рече Спасовски.

Тој порача дека сите политички партии треба да се издигнат на висината на сопствената одговорност во изборниот процес и да покажат нов начин на водење на изборната кампања со вредности прифатливи за граѓаните.

На прес-конференцијата европратеникот Чолош уште рече дека „Северна Македонија ги исполни критериумите што и беа поставени од ЕК и нејзините земји членки и сметаат дека сега сите услови, па дури и политичките, се исполнети за да се започне процесот на преговори”.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе