Европратеничка Петир бара премиерот Спасовски да му се заблагодари за соработката на Тозија

Во Хрватска за навредите на директорот на македонската Агенција за филм Горјан Тозија реагираат нивни европратеници, познати уметници и новинари. Тие бараат остра реакција на хрватската Влада и очекуваат соодветна реакција на македонските власти. Вечерва за првпат за овој слуќај се јави и македонската опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ која вели дека се работи за сериозен дипломатски скандал.

Марија Петир

„После сѐ што господинот Горјан Тозија го кажа, навистина е тажно што и натаму е на својата позиција. Хрватска и Македонија се пријателски земји и нашите два народа се блиски, па оттука единственото исправно нешто би било претседателот на Владата на Република Македонија да се огради од ваквите свои соработници и да му се заблагодари на соработката“, напиша на Фејсбук хрватската европратеничка Марија Петир.

Сѐ почна со скандалозната поштенска марка што ја издаде и ја повлече македонската Пошта. На марката беше објавена картата на усташка Хрватска, на НДХ од 1940 година. Дојде и до извинување на македонското Министерство за надворешни работи до Хрватска, Србија, БиХ и Црна Гора, но никој сѐ уште не се извини за недоличните коментари по социјалните мрежи на Горјан Тозија. Тој, коментирајќи го случајот со поштенската марка на социјалните мрежи, за Хрватска вели дека е усташка држава, а за владеачката партија во оваа земја ХДЗ инсинуира дека е фашистичка.

Ова предизвика реакции на истакнати хрватски уметници, новинари, се објавуваат овие информации по хрватските медиуми. За сѐ ова Тозија вели дека е класично спинување и извртување на фактите, па дури и дека се работи за директни интервенции во неговиот фејсбук-профил.

Новинарот Иван Бродиќ повторно реагира на објаснувањата на Тозија и вели дека не го прифаќа неговото извинување затоа што тоа не е, а смета дека тоа не треба да го прифатат ни хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, ниту пак ХДЗ.

„Никој не ви го хакирал профилот кога напишавте дека ние сме усташки гадови, дека Павелиќ е претседател на ХДЗ и дека сме криминалци и фашисти... Вие сте државен службеник, а го навредувате хрватскиот премиер кој особено е ангажиран во отворањето на преговорите на Македонија со ЕУ“, пишува Бродиќ.

Тозија во своето второ обраќање по повод овој случај, вели дека се работи за неаргументирани напади врз него, неговиот интегритет, и дека се тоа напади произведени точно како од познатите пропагандни лабаратории. Тој вели дека неговите коментари на Фејсбук се спинувани во насока да се оцрни неговата „интимна поврзаност со Хрватска и истата да се преврти во болни лаги и инсинуации. Еве ќе се извинам доколку некој се нашол повреден. Содржината на моите ставови е исто така менувана со интервенција врз објавите на фејсбук, но за тоа веќе е спроведена истрага и ќе се занимаваат надлежните органи“, напиша Тозија.

Вечерва се јави опозициската ВМРО-ДПМНЕ со квалификација дека се работи за дипломатски скандал. „Досега од ставовите на овој владин функционер не се огради никој од државниот врв на Македонија со што се поставува прашањето дали изјавите на Тозија се идентични со ставот и на нашата власт? Уште повеќе што неодамна Македонска пошта пушти серија поштенски марки со карта на „голема Хрватска“, односно карта на Независна држава Хрватска, марионетскиот усташки хрватски режим за време на Втора светска војна. И тоа токму на денот 9 Мај, Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот.

Сето ова наведува не само на несмасност во работењето на власта, туку и доведува до сомневање какви пораки испраќа оваа власт имајќи ги предвид, прво нивниот молк кон директните соседи, кон кои се поставува поданички и го брише историското минато, а потоа наметнува проблематизација со традиционалните пријатели на Македонија со кои таа нема отворени прашања“, се вели во реакцијата на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

А.Д.

 

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе