Вицепремиерите Груби, Николовски и Димитров

„Европа мора да ја донесеме дома“

Вицепремиерите Груби, Николовски и Димитров во своите обраќања на прес - конференцијата потенцираа дека работат на создавање услови за европска интеграција на државата преку домашни реформи, борба против корупцијата и криминалот, како и со зачувување на националниот идентитет.

„Во својство на највисок претставник на албанската заедница во нашата Влада, би сакал да дадам целосна поддршка до македонската заедница во заедничките напори да ги започнеме преговорите за членство во Европската унија и да повторам и уверам дека во ниту еден момент со нашиот сосед не се разговара за јазично идентитетски прашања и затоа нема воопшто простор за било какво стравување. Најдобра потврда за тоа е денешната перспектива две години по уставните измени и Преспанскиот договор при што станавме членка на НАТО со меѓународно потврдена заедничка држава и по исти такви стравувања“, рече вицепремиерот Артан Груби во рамки на отчетот за сработеното на Владата за првите 100 дена.

Тој ја искористи приликата да ја повика опозицијата на конструктивна соработка, бидејќи како што рече, тоа што таа до сега го прави и нуди не добива поддршка од граѓаните.

Тој рече дека уште со уривањето на дивоградениот објект пред ТЦ „Мавровка", Владата и коалициските партнери покажаа дека нема компромис кога станува збор за правото и правдата, рече вицепремиерот Артан Груби.

„Вчерашниот изборен ден во Штип и во Пласница покажуваат дека не поминуваат обидите на опозицијата за бојкот и попречување на работата на Собранието. Изборите покажаа и каква ќе биде политичката разврска на локално ниво, на локалните избори следната година", рече Груби повикувајќи ја опозицијата на конструктивна соработка и на дијалог со власта.

Вицепремиерот Љупчо Николовски пак, се осврна на стратегијата на Владата за справување со корупцијата и злоупотребата на моќта на политичките функционери. Тој нагласи дека со разрешувањето на некои од функционерите е покажана цврстата намера да се врати довербата на граѓаните во институциите и органите на власта.

Николоски рече  дека нема толеранција за прекршителите на законите и етичките норми и дека тоа веќе им е јасно на многумина и дека веќе може да се почувствува поодговорно работење и однесување според законите.

„Нема друг пат освен одговорно и транспарентно работење, согласно законите и во интерес на граѓаните. Не постои совршен функционер, но нема да замижиме пред оние кои ја злоупотребуваат својата позиција на товар на граѓаните и нивните пари. Во мојот кабинет има млади луѓе кои посветено работат на оваа идеја. Но потребна нѝ е поддршка од јавноста. Нема друга алтернатива освен државата да ја направиме добро место за живеење, рече Николовски.

„Принципиелната политика за интеграција во ЕУ, ама и нашиот став за непроменливост на нашите идентитетски точки е поддржан од земјите членки, особено од Германија како претседавач со Унијата, на која ѝ упатуваме посебна благодарност“, рече вицепремиерот Никола Димитров на денешната прес-конференција во Владата по повод сто дена од новиот кабинет на Заев.

Европеизацијата на македонското општество во меѓувреме не смее да стои. Во октомври добивме одличен извештај од ЕУ, но и сигнали каде треба да работиме.

„Денеска потпишав документ за 16 надворешни преведувачки агенции да можат да ги преведуваат документите на Европската Унија, со цел македонскиот јазик да биде во официјална употреба во ЕУ кога за тоа ќе дојде време", рече Димитров.

Европа ќе ја донесеме дома, нагласи Димитров.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе