Од средбата во Тирана

Европа ќе даде 1,2 милијарди евра за иницијативата „мини Шенген“

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека Европската комисија е подготвена следната година на земјите од регионот да им додели 1,2 милијарди евра за спроведување на договорите постигнати според т.н. „мини Шенген“.

Средбата на лидерите на Западен Балкан во Тирана заврши и, како и претходната во Охрид, беше обележана од „мини Шенген“.

На состанокот присуствуваа македонскиот премиер Зоран Заев, албанскиот премиер Еди Рама, српскиот претседател Александар Вучиќ и црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

По самитот, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека на состанокот се донесени важни одлуки за унапредување на трговијата меѓу трите земји, која ќе биде потпишана во Подгорица или Белград, во зависност од договорот.

„Разговаравме како да ја подобриме трговијата, да го олесниме протекот на стоки, услуги и капитал и да донесеме важни одлуки. Ова е од големо значење за целиот регион“, рече Вучиќ на заедничката конференција.

Тој истакна дека, покрај тоа што ветеринарните и фитосанитарните инспекции на границата меѓу Србија и Македонија ќе бидат отворени 24 часа, наредниов период и царинските тимови ќе имаат состанок за да го олеснат царинењето и дополнително да го намалат чекањето на границата. Тој додаде дека тоа ќе го зголеми бројот на колоните на граничните премини, така што камионите би минувале неспоредливо побрзо - за шест или седум наместо за 23 часа.

Вучиќ изјави дека договорот за таканаречените привилегирани оператори Србија и Албанија ќе го потпишат билатерално на следниот состанок, што значи дека одредени веќе познати компании ќе можат полесно да ја преминат границата.

„Преминот Прешево - Табановце го минуваат 320.000 камиони годишно. Тогаш ќе ја видите користа за сите нив“, рече српскиот претседател.

Тој повтори дека тоа е од големо значење и дека затоа сакаат да се обидат да создадат што е можно поединствен пазар на трудот, што ќе значи убедливо поголема привлечност за инвестиции.

Ова, рече тој, значи дека работниците од Србија што сакаат да работат во Албанија или во Македонија ќе имаат можност да се регистрираат и да имаат постојана дозвола за работа во двете држави, што ќе важи и обратно.

„Ова е од големо значење за сите наши земји што имаат проблем со пазарот на трудот и само ќе се соочат со проблеми“, рече Вучиќ, додавајќи дека таквиот единствен пазар на трудот би бил многу попривлечен наместо да има одделни пазари.

Земјите-учеснички во Иницијативата за регионална интеграција на вчерашниот самит во Тирана побараа поддршка и помош од меѓународните финансиски институции за нова агенда за раст, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.

Во изјава за српските медиуми, тој изрази уверување дека многу работи ќе бидат остварени на самитот во Белград во корист на Србија, Албанија и Македонија.

„Преку дискусии со претставници на меѓународни организации побаравме поддршка и помош, меѓу другото и за нова агенда за раст со Светската банка. Баравме и поддршка за проекти како што е проектот за долниот слив на Дрина што ги засегнува Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, но и за нови проекти за ЕБОР и ЕИБ, соодветно“, рече Вучиќ.

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека Европската комисија е подготвена следната година на земјите од регионот да им додели 1,2 милијарди евра за спроведување на договорите постигнати според т.н. „мини Шенген“.

„Овие не се заеми, туку грантови“, рече Рама на заедничката прес-конференција по состанокот.

Александар Вучиќ најави дека српската влада денеска ќе донесе одлука да ѝ помогне на Албанија со значителна, голема сума пари, по катастрофалниот земјотрес што неодамна ја погоди земјата.

Вучиќ најави дека во иднина единиците за итни случаи на Србија, Македонија и Албанија тесно ќе соработуваат кога ќе се случи трагедија во некоја од трите држави, а сите расположиви сили ќе бидат достапни за погодената земја во исто време.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе