Еврокомесарот за проширување Вархели идната недела во Скопје

Новиот еврокомесар за соседство и проширување Оливер Вархели на 15 и 16 јануари ќе допатува во прва посета на Македонија по стапувањето на функцијата.

Како што јавува МИА, се очекува Вархели да има средби со владини претставници, на кои би требало да се разговара за новата методологија предложена од Франција и текот на реформите во земјава, особено донесувањето на законот за јавно обвинителство.

На 18 декември вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи се сретна со Вархели во Брисел, при што му го претстави реформскиот план на Владата до Европскиот совет во март.

Европската комисија ќе објави мини-извештај за Македонија и Албанија во февруари, а новата методологија, според најавите, се очекува да биде усвоена во март.

Еврокомесарот Вархели, минатиот месец рече дека пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија треба да почнат на пролет. Тој тогаш рече дека ЕУ треба да ја исправи грешката од октомври.

Европската комисија треба да излезе со предлог за новата методологија до крајот на јануари.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе