Еврокомесарот за проширување Вархеји денеска во Скопје

Европскиот комесар за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји денеска ќе допатува во прва официјална посета на Македонија, по неговото стапување на функцијата.

Делегацијата на Европската унија во Скопје најави дека Вархеји ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Оливер Спасовски и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Вархеји исто така ќе има средба и со претседателот на СДСМ, Зоран Заев како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На средбите се очекува да се разговара за новата методологија за проширување предложена од Франција и за текот на реформите во земјава, особено донесувањето на законот за јавно обвинителство.

Европската комисија, според најавите, ќе објави мини-извештај за Северна Македонија и Албанија во февруари, а новата методологија, според најавите, се очекува да биде усвоена во март.

Еврокомесарот Вархеји, минатиот месец рече дека пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија треба да почнат на пролет и дека ЕУ треба да ја исправи грешката од октомври.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вчера во Европскиот парламент изјави дека следните шест месеци ќе бидат клучни за односите меѓу ЕУ и Западен Балкан и најави дека Комисијата за неколку недели ќе излезе со новата методологија за проширување.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе