На средба со министерот Спасовски

Еврокомесарот Аврамопулос: Продолжете кон остварување на членството во ЕУ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше билатерална средба со еврокомесарот за внатрешни работи и миграции на Европската комисија, Димитрис Аврамопулос кој утре ќе учествува и во работниот дел од Министерскиот Форум ЕУ-Западен Балкан на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите од регионот.

На средбата со еврокомесарот Аврамопулос, министерот Спасовски, меѓу другото, пренесувајќи ја благодарноста за укажаната доверба нашата земја да биде домаќин на овој значаен собир, ги нотираше низата активности што Владата на Република Северна Македонија ги реализираше изминативе две и пол години, за придвижување на европската агенда на земјата, односно за враќање на земјата на патот на ЕУ.

Притоа Спасовски потенцираше дека се решени непремостливи предизвици кои на сите им се чинеа како невозможна мисија, и благодарение на силно изразената политичка волја и мотивираност пред нашата држава и граѓаните повторно стои извесната европска перспектива за полноправно наше асоцирање во ЕУ. Покрај ова министерот Спасовски ја нагласи и важната поддршка од пријателите, членки на Европската Унија во процесот на евроинтегрирање.

Иако недобивањето на датум за преговори за членство во ЕУ на последниот Европски Совет, објективно претставуваше големо разочарување, сепак од страна на еврокомесарот Аврамопулос уште еднаш беше изразена силната поддршка и охрабрување да продолжиме кон остварување на полноправно членство на Република Северна Македонија во ЕУ.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе