Еврокомесар за проширување Вархели во среда и четврток во Скопје

Новиот еврокомесар за соседство и проширување Оливер Вархели на 15 и 16 јануари ќе допатува во посета на Македонија и на средбите со владини претставници се очекува да разговара за новата методологија за проширување предложена од Франција, како и реформите во земјава, особено донесувањето на законот за јавно обвинителство.

Во декември комесарот Вархели во Брисел се сретна со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи кој му го претстави реформскиот план на Владата до самитот на Европскиот совет во март.

Европската комисија ќе објави мини-извештај за Македонија и Албанија во февруари, а новата методологија, според најавите, се очекува да биде усвоена во март.

Еврокомесарот Вархели, минатиот месец рече дека пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија треба да почнат на пролет. Тој тогаш рече дека ЕУ треба да ја исправи грешката од октомври.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе