Луксембург

Евроамбасадорите одлуката за преговорите со Македонија им ја оставија на лидерите на ЕУ

Синоќа амбасадорите на земјите членки на ЕУ (Корпер - комитет на постојани претставници) не го усвоија предлогот на Финска, земја претседавач со Европскиот совет, паралелно да одат процесите на промена на методологијата за прием на нови членки и добивањето датум за преговори за Македонија и Албанија.

Финска предложи Меѓувладината конференција меѓу Македонија и владите на ЕУ да се одржи најдоцна во првата половина од 2020. За одлуката за почнување преговори со Македонија ќе се решава и денеска во Луксембург на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, а најверојатно одлуката ќе биде донесена на дводневниот самит на европските лидери што почнува в четврток во Брисел.

Многу е веројатно дека и денеска во Луксембург министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ нема да донесат одлука за датум за преговори со Македонија и Албанија и дека тоа ќе им го остават на нивните шефови за самитот во Брисел в четврток.

Франција бара пред да се отвораат преговори со идните членки, да се усвои новата методологија која ќе се однесува за сите земји кандидати за ЕУ, пристапниот процес да биде поскалест и реверзибилен, а ако земјата назадува во преговорите повторно да се врати на поглавјето во кое не е забележан очекуваниот напредок.

Освен тоа, Париз смета дека е потребно повеќе време за реформа на преговарачкиот процес за земјите-кандидати и дополнителни докази за борбата против корупцијата и независноста на судството во Албанија и во Македонија. Решавањето на статусот на СЈО и предметите. Франција постојано ги враќа на маса во дискусиите со европските партнери. Според француски дипломатски извори, Париз смета дека иако постои напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Македонија, „важно е исто така да видиме конкретни пресуди на веродостоен и објективен начин“.

Франција на вчерашниот амбасадорскиот состанок не го поддржала и предлогот за одвојување на Македонија од Албанија. Холандија и Данска го поддржале предлогот за одвојување на Македонија од Албанија.

Франција е единствената земја која е против зелено светло за која било од двете земји, мнозинството ЕУ членки сакаат отворање со Албанија и Македонија, а мал број земји се за отворање на преговори само за Македонија. Според дипломатски извори во Брисел, Хаг е подготвен утре да се солидаризира со Франција, за таа да не биде изолирана доколку нема одвојување од Албанија.

Париз официјално е против одвојувањето, но постои надеж кај бројни земји-членки дека полесно би попуштила доколку одлуката се однесува само на Македонија. За возврат некои земји членки би прифатиле во заклучоците да се спомене борбата против корупцијата, и/или СЈО и судството.

„Доколку има договор, веројатно нешто ќе се додаде, нема тоа да биде дополнителен услов, но може да се спомене СЈО кое Франција редовно го става на маса“, вели дипломат од земја-членка за МИА.

Останува дека огромното мнозинство земји инсистира на отворање на преговорите заедно со Албанија, и дека ниту една држава за сега на маса не го ставила одвојувањето како предлог. А Франција тоа сама нема да го стори, велат дипломатите.

Денеска во Луксембург ќе биде и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, а во Брисел е веќе министерот за надворешни Никола Димитров.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе