Според грчки медиуми

Еве ја листата на Грција со предлози за името на Македонија

Само неколку дека пред историската посета на грчкиот министер за надворешни работи, Атина го испрати предлогот на спогодбата до владата во Скопје во кој има пет предлози за името на земјата, пишуваат грчките медиуми.

Министерот Никос Коѕијас изјави дека спогодбата била испратена во Скопје уште пред неколку дена.

Грчките медиуми известуваат дека во предлогот се следниве предлози:

Република Нова Македонија (Republic of New Macedonia)

Република Северна Македонија (Republic of Northern Macedonia)

Република Горна Македонија (Republic of Upper Macedonia)

Република Вардарска Македонија (Republic of Macedonia of Vardar)

Република Македонија (Скопје) [Republic of Macedonia (Skopje)]

Македонскиот премиер Зоран Заев изјави дека сака проблемот со името да се реши до летото и дека ова било договорено со Грција.

Можевме и требавме, преку соодветните локални власти и во соработка со МНР и Министерството за култура, оваа манифестација да ја направиме меѓународна.

повеќе

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе