Еурактив: Лидерите на ЕУ го повикуваат Скопје да го реши историскиот спор со Бугарија

Нацрт-декларацијата на самитот на ЕУ в среда (6 мај) со лидерите на Западен Балкан ја повикува Северна Македонија да најде решение за билатералните спорови при спроведувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, пишува бившиот бугарски дипломат, сега новинар, Георги Готев за Еурактив.

Во пресрет на средбата, Бугарија испрати пораки дека не го прифаќа парализирањето на работата на билатералниот комитет за историски прашања со својот помал западен сосед, формиран според Договорот за соседство во февруари 2018 година меѓу двете земји.

„Ако мешовитата комисија за историја не продолжи со работа до јуни, а властите во Скопје продолжат да ја фалсификуваат историјата, Бугарија нема да се согласи да почнат претпристапните разговори со Северна Македонија“, рече Андреј Ковачев, европратеник и лидер на партијата на премиерот Бојко Борисов (ГЕРБ) за Еурактив.

Европскиот портал во вторникот прашал висок претставник на Советот на ЕУ дали спорот меѓу Софија и Скопје е во радарот на институцијата, во контекст на самитот, а овој веднаш посочил на ставот 9 од нацрт-декларацијата посветен на оваа тема.

Во најновиот нацрт на Самитот за Декларација на Западен Балкан, од понеделникот, лидерите на ЕУ ја повикуваат Македонија да ги реши билатералните прашања и експлицитно се споменува Договорот за соседски односи со Бугарија. Во ставот 9 се вели:

„ЕУ целосно го поддржува залогот на партнерите од Западен Балкан за инклузивна регионална соработка и зајакнување на добрососедските односи, вклучително и со земјите членки на ЕУ. Спроведувањето билатерални договори со добра волја и со опипливи резултати, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, останува важно во овој поглед.“

„Потребни се понатамошни и клучни напори за помирување и регионална стабилност, како и за наоѓање и спроведување конечни, инклузивни и обврзувачки решенија за билатералните спорови и прашања на партнерите, вкоренети во наследството од минатото, во согласност со меѓународното право и утврдени принципи, вклучително и Договорот за прашања од отцепувањето (од поранешна Југославија). “

Под еднодецениско владеење на националистичката ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски (2006-2016), Скопје реално не се стремеше кон европска интеграција и само бараше причини да ги обвини другите, главно Грција, за блокирање на европската иднина на земјата, пишува Готев за Еурактив.

„Доколку оваа политичка сила преовладее по општите избори во Северна Македонија - кои првично беа закажани за 12 април, но беа одложени поради пандемијата на коронавирусот - голема е веројатноста земјата да остане блокирана и да ја обвини Бугарија како свој главен непријател.

Ваквата политика имплицитно ја поддржува Белград, кој се плаши дека членството на Скопје во ЕУ ќе помогне да се избегне стисокот на Србија, воспоставен во поранешна Југославија. Според дипломатите, овој зафат сè уште е доволно силен“, заклучува написот.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе