Заедничко писмо до Европската комисија

ЕУ треба да сподели вакцини против ковид-19 со балканските соседи, бараат 13 земји-членки

Европската Унија треба да испрати вакцини за коронавирус на своите балкански соседи и да стори повеќе во борбата против вирусот во Украина, порачаа денеска министрите за надворешни работи на 13 земји-членки во заедничкото писмо до Европската комисија.

Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Романија, Словачка и Шведска наведуваат дека ЕУ нема да биде безбедна од ковид-19 сѐ додека државите до нејзините граници не се опорават од пандемијата.

„Ние силно ги поддржуваме напорите и иницијативите на земјите-членки и на Европската комисија за споделување на вакцините доделени од договорите со најблиските соседи на ЕУ, како што се земјите од Западен Балкан“, велат министрите во писмото.

Литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис уште вели дека „наша должност е да им помогнеме на партнерите на ЕУ на Исток, Западен Балкан и други региони“.

Земјите на ЕУ почнаа веќе почнаа со масовна кампања за вакцинирање против ковид-19 на 27 декември.

ЕК соопшти дека го примила писмото и ќе им одговори на владите на 13-те земји-членки, како и дека истражува начини да им се помогне на балканските земји и другите соседи, вклучувајќи ги Грузија и Украина.

 

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе