ЕУ со поддршка да се зачува статусот на Охрид како светско и културно наследство заштитено од УНЕСКО

Европската унија силно ги поддржува активностите што ги спроведува локалната самоуправа во Охрид насочени кон зачувување на статусот што регионот го има како светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО. 

Тоа го истакна евроамасадорот Дејвид Гир на денешната средба со градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, на која се информираше за напредокот на активностите што се преземени од претходната нивна средба до сега.

Георгиески претходно денеска со премиерот Зоран Заев извршија увид на дел од охридското крајбрежје каде што Општина Охрид во текот на изминатиот период спроведуваше активности за отстранување на бесправните објекти по што беше извршено уредување и подготовка на плажите во пресрет на туристичката сезона.

Тој изрази задоволство што како локална власт покажале решителност, вистинска волја, капацитет и подготвеност „да се соочиме со проблемите и да ставиме крај на долгогодишниот хаос, злоупотреби и узурпации на најатрактивната зона од заштитениот појас".

 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе