ЕУ се надева по бугарските избори што поскоро да започнат преговорите со Скопје

Од Европската комисија не сакаат да влегуваат во детали околу политичката ситуација во Бугарија после неделните избори, но се надеваат дека Скопје и Софија ќе постигнат компромис, јавува МИА од Брисел.

Портпаролката на Европската Комисија задолжена за проширувањето, Ана Писонеро, за МИА кусо искоментирала дека Брисел „ги охрабрува и Бугарија и Северна Македонија да изнајдат заеднички прифатливо решение за тековните билатерални прашања“.

„Со нетрпение очекуваме да се одржи првата Меѓувладина конференција што е можно поскоро“, вели Писонеро.

Македонија е блокирана во Советот на ЕУ за усвојувањето на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција со ЕУ поради неразрешениот спор со Бугарија.

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе