ЕУ: Политичките лидери и партиите да овозможат избори без заплашување и насилство

Локалните избори на 15 и 29 октомври се можност за граѓаните да ги изразат своите гледишта за правецот во кој нивните општини треба да се движат во иднина, порачуваат Делегацијата на ЕУ и амбасадите на земјите членки на Унијата во Македонија. 

„ЕУ ги охрабрува политичките лидери, нивните партии, како и релевантните чинители да го искористат изборниот процес за да ја потврдат и покажат својата посветеност на демократските вредности и владеење на правото.

Ги повикуваме политичките лидери и партиските членови да овозможат одржување на избори без заплашување и насилство. Потсетуваме на важноста да се направи јасна поделба меѓу државните и партиските активности и ресурси пред, за време на, и по изборите. Ги повикуваме медиумите да им обезбедат на граѓаните разновидно и објективно информирање кое им е потребно за да донесат одлука на денот на изборите. Ја подвлекуваме важноста од меѓународни набљудувачи на изборите, особено на ОБСЕ/ОДИХР“, се вели во заедничката изјава.

ЕУ потсетува дека секој глас е важен и ги повикува сите граѓани да го исполнат своето демократско право на глас и на тој начин да ја обликуваат иднината на своите општини.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе