ЕУ не знае кога ќе ги испорача ветените вакцини за Македонија и Западен Балкан

Европската Комисија и земјите членки го „поддржуваат“ и се „солидарни“ со Западен Балкан, како и со другите земји од источното и јужното соседство на ЕУ, во борбата против коронавирусот, ама не знаат кога ќе ги испорачаат ветените вакцини.

Потпретседателот на Европската Комисија, Марош Шефчович, денеска не можеше да каже кога Македонија и другите земји во регионот ќе ги добијат вакцините против ковид-19 ветени од ЕУ, ниту зошто не се пристигнати ветените дози од Грција и Бугарија, јавува МИА од Брисел.

Министрите за европски прашања денеска одржаа состанок во пресрет на самитот на лидерите на ЕУ кој е закажан за 21 јануари, и разговараа, меѓу другото за кампањата на вакцинација во ЕУ. Самата ЕУ се соочува со внатрешни тензии поради неефикасна координација помеѓу земјите-членки во набавката на вакцините.

Шефчович рече дека ЕУ е „главен донатор“ на Ковакс системот, која има за цел да им помогне на земјите со пониски приходи да добијат вакцини за своето население.

„ЕУ ќе стори сѐ за Ковакс да донесе резултати“, изјавил Шефчович.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе