По обвинувањата од македонскиот претседател

ЕУ му одговори на Иванов: Токму поради искуството од претходните проширувања одлучивме да не увезуваме спорови

Искуството добиено за време на претходните проширувања ја научи ЕУ на лекцијата дека блокот не треба да увезува постојни спорови при давањето членство, рекол еден од портпаролите на ЕУ за Еурактив, откако претседателот Ѓорге Иванов го обвини Брисел за „двојни стандарди“.

Иванов рече дека ЕУ ја тера неговата земја да скока низ лицемерни обрачи, бидејќи постојните членки на блокот се заплеткани во спорови.

Но функционерот на ЕУ за Еурактив изјавил дека „токму поради искуството од претходниот круг проширувања ЕУ одлучи да не увезува спорови, туку да инсистира на нивно решавање пред пристапувањето“.

„Ние постојано повторувавме, а неодамна и во нашата Стратегија за Западен Балкан, дека политиката на проширување на ЕУ мора да продолжи да работи за регионална соработка и за да извезува на стабилност, па затоа ЕУ не може и нема да увезува билатерални спорови“, додал портпаролот на ЕУ.

Тој, исто така, рекол дека пред пристапувањето се потребни длабоки реформи во областа на владеењето на правото, со цел да се усогласат со стандардите на ЕУ.

Комисијата одговара на изјавата на Иванов дека ЕУ користи „двојни стандарди“, посочувајќи дека земји со нерешени билатерални прашања веќе се членки на блокот.

Посочувајќи ги Словенија и Хрватска, тој рече дека им било дозволено да влезат во ЕУ и покрај нивниот тековен спор, додека „на Македонија не ѝ е дозволено дури ни да ги почне преговорите за влез. ЕУ досега неправедно ја третираше Македонија.“

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе