Како што соопшти МНР, Османи ќе се обрати на панелот „ЕУ и Западниот Балкан: кој е подготвен“, на кој ќе учествуваат и заменик помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, министрите за надворешни работи на Косово, Доника Гервала Шварц, на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ и на БиХ, Бисера Турковиќ, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово и други регионални прашања Мирослав Лајчак, високиот претставник за БиХ Кристијан Шмид и Зоран Нечев од Институтот за демократија Социетас цивилис – Скопје.
На маргините на форумот, предвидено е Османи да има и билатерални средби со свои колеги и други учесници.
Бледскиот стратешки форум во своето седумнаесетгодишно постоење прерасна во водечка меѓународна конференција во Централна и Југоисточна Европа, која привлекува широк спектар на учесници – државници, политичари, професори, бизнисмени, кои дебатираат за современите регионални и глобални предизвици и да бараат иновативни решенија.