„ЕУ и Западниот Балкан: кој е подготвен“: Османи на Бледскиот стратешки форум

Кризата на мултилатералниот поредок,  последиците од руската агресија врз Украина и одговорот на меѓународната заедница на новите предизвици се темите за кои ќе се дискутира на 17-от Бледски стратешки форум насловен „Владеење на моќта или моќта на правилата“ на кој што ќе учествува и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Како што соопшти МНР, Османи ќе се обрати на панелот „ЕУ и Западниот Балкан: кој е подготвен“, на кој ќе учествуваат и заменик помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, министрите за надворешни работи на Косово, Доника Гервала Шварц, на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ и на БиХ, Бисера Турковиќ, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово и други регионални прашања  Мирослав Лајчак, високиот претставник за БиХ Кристијан Шмид и Зоран Нечев од Институтот за демократија Социетас цивилис – Скопје.

На маргините на форумот, предвидено е Османи да има и билатерални средби со свои колеги и други учесници.

Бледскиот стратешки форум во своето седумнаесетгодишно постоење прерасна во водечка меѓународна конференција во Централна и Југоисточна Европа, која привлекува широк спектар на учесници – државници, политичари, професори, бизнисмени, кои дебатираат за современите регионални и глобални предизвици и да бараат иновативни решенија.

 

 

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе