Средба Пендаровски-Лајчак

Пендаровски: ЕУ го препозна напредокот на Македонија и ќе го исполни ветеното

Северна Македонија високо ја цени силната заложба и конкретната поддршка од Словачка за добивање датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ, истакна претседателот на државата Стево Пендаровски на денешната средба со Мирослав Лајчак, министер за надворешни и европски работи на Словачката Република и актуелен претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, Пендаровски нагласи дека интегрираниот и безбеден регион е еден од суштинските предуслови за стабилна и просперитетна Европа, а во тој контекст го поздрави и ратификувањето на Протоколот, во Словачкиот парламент, за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Двајцата соговорници, се посочува, разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, при што изразија задоволство од развојот на соработката која бележи континуиран позитивен тренд во повеќе области од заемен интерес, што пак се заснова на искреното пријателство, меѓусебната почит и доверба.

На средбата, претседателот Пендаровски подвлече дека Северна Македонија во изминатиов период  вложи огромен труд и напори во исполнувањето на европските критериуми. Во таа насока тој изрази благодарност за поддршката и помошта што ОБСЕ ја дава на нашата држава во клучните општествено политички области, особено во судството, законодавството, изборниот процес, унапредувањето на меѓуетничките односи и владеење на правото.

Министерот Лајчак му го честиташе стапувањето на функцијата на претседателот Пендаровски, посакувајќи му успех во работата, и ја изрази подготвеноста за натамошно продлабочување на традиционално пријателските односи меѓу двете држави, стои во соопштението.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе