ЕУ го поздрави изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието

„Со најсилни зборови ги осудуваме нападите што се во тек врз членовите на Парламентот во Скопје. Насилството во Парламентот е целосно неприфатливо и повикуваме на смиреност и воздржување. Министерството за внатрешни работи и полицијата мораат да осигурат безбедност во Парламентот и неговите членови“, реагираат високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан, пренесе Новатв.

Демократијата мора да продолжи по нејзиниот тек. Ние позитивно го поздравуваме изборот на Талат Џафер како претседател на Парламентот како што беше соопштено.

Европската Унија е убедена дека политичкиот дијалог во институциите е единствениот начин да се оди напред и бараме од сите политички актери да го почитуваат Уставот во земјата и да се однесуваат во духот на демократските принципи, со здрав разум и пристојност”, велат Могерини и Хан.

На крајот додаваат дека Македонија е земја кандидат и ЕУ е подготвена да работи со Парламентот за неопходните реформи што ќе ѝ помогнат на земјата на европскиот пат.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе