ЕУ денеска преку видеоконференција одлучува за почеток на преговори со Македонија

Министрите за надворешни работи и за европски прашања на ЕУ денеска преку видеоконференција, со почеток во 12:00 часот, треба да ги одобрат заклучоците од амбасадорите со кои се дава зелено светло за отпочнување на преговорите со Македонија и Албанија.

Сите 27 земји членки, по интензивни преговори, се согласиле дека „предложената обновена методологија на Европската комисија за пристапните преговори е задоволувачка и дека реформскиот прогрес на Северна Македонија е доволен за да се отворат преговорите за членство во Европската Унија“.

Меѓувладината конференција го означува формалното отворање на поглавјата, а претходно Европската Комисија треба да изготви преговарачка рамка, која исто така треба да биде усвоена од страна на земјите членки.

Заклучоците предвидуваат отворање на преговорите и со Албанија, но за оваа земја се додадени низа услови за отворање на првата меѓувладина конференција.

Дипломатите во Брисел објаснуваат дека оваа разлика се должи на ставовите на земјите членки.

Не се очекуваат лоши изненадувања во однос на усвојувањето на заклучоците денеска, иако поради октомвриското разочарување сите дипломати остануваат внимателни. Преговорите помеѓу земјите членки се финализирани на амбасадорско ниво, затоа што министрите одбиваат да преговараат преку видеоконференција.

Откако ќе се усвои одлуката се отвора писмена процедура за нејзино формално одобрување од страна на сите земји членки, со што одлуката стапува на сила. Овој процес може да трае најдоцна до крајот на неделата, кога се одржува и самитот на лидерите на ЕУ, кои пак ќе дадат и политичка согласност.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе