ЕУ да овозможи почеток на преговори, му порача Пендаровски на Шаленберг

Во контекст на безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот на Западен Балкан, претседателот на Македонија Стево Пендаровски на средбата со шефот на австриската дипломатија Александер Шаленберг посочил дека е „неопходно институциите на ЕУ да делуваат брзо во однос на политиката на проширување и да овозможат неодложно отпочнување на пристапните преговори за Северна Македонија и одржување на првата меѓувладина конференција“. Притоа Пендаровски кажал дека Македонија ќе го продолжи дијалогот со Бугарија.

Од кабинетот на Пендаровски соопштуваат дека на средбата се разговарало за надворешно-политичките приоритети на Македонија, во светло на надминување на предизвиците на европскиот пат, како и за политичко-безбедносните случувања во регионот и Европа.

Пендаровски нагласил дека Македонија ќе го продолжи дијалогот со Бугарија, „со цел изнаоѓање на одржливо, разумно и достоинствено решение и деблокада на евроинтеграцискиот процес“.

Шефот на македонската држава изразил благодарност за континуираната и доследна поддршка од Австрија, која како што оценил, е еден од најблиските сојузници и партнери на регионот и којa гласно се залага за негово интегрирање во Унијата.

„Во однос на руската воена агресија и безбедносните предизвици со кои се соочува Европа, соговорниците разменија мислења за политичките и економските мерки кои се преземаат како дел од заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и за хуманитарната помош и прифаќањето на бегалци од Украина.

На средбата беше истакнато дека блиските и пријателски односи меѓу двете земји се рефлектираат со конкретна соработка во повеќе области и изразија подготвеност за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог и афирмирање на заеднички европски вредности со цел стабилност и просперитет на европскиот континент“, се вели во соопштението.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе