Самитот „Брдо-Бриони” ви Тирана

ЕУ да ја остави вратата отворена за Југоисточна Европа

Албанскиот претседател Илир Мета, кој денеска беше домаќин на состанокот на лидерите на земјите во Процесот „Брдо-Бриони”, на заедничката прес-конференција со неговите колеги од Хрватска, Словенија и Полска, изјави дека на состанокот е постигната согласност за потесна соработка и задничко ангажирање со цел да се зачува мирот и безбедноста во регионот.

„Се заложивме за потесна соработка. Балканскиот регион имаше позитивни движења. Посветеност на сите за мир и безбедност во регионот. На следниот самит домаќин ќе биде Словенија и верувам со присуство на Гутереш, кого решивме да го поканиме. Би сакал да го изразам своето задоволство, не само за учеството и конструктивните пораки, туку и да изразам убедување дека присуството на претседателот на Полска и претседателите на двете земји-основачи е многу важно за заклучоците од овој самит да се слушне уште повеќе во деновите и неделите кои доаѓаат во земјите-членки на ЕУ”, изјави Мета.

Тој додаде дека ги поттикнуваат Косово и Србија да постигнат спроведлив договор.

„Сите ние би сакале тој дијалог меѓу Србија и Косово да завршеше вчера, а не денеска или утре. Ние ги охрабривме двете страни да се фокусираат на спроведлив и правно обврзувачки договор што е можно поскоро со посредство на Европската комисија”, рече Мета.

Во врска со присуството на претседателот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, Мета кажа дека тој уредно бил поканет и е добредојден.

Шефот на полската држава, Анджеј Дуда, кој присуствуваше како специјален гостин, истакна дека „ЕУ треба да ја остави вратата отворена за нови членки”.

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ му се заблагодари на Мета за добро организираната средба и гостопримството, нагласувајќи ја поддршката за Албанија и за Македонија за членство во ЕУ.

„Хрватска ќе го поддржи отворањето на преговорите за Северна Македонија и Албанија. Ние сакаме визна либерализација за Косово. Ние поддржуваме процес врз основа на заслуги и секоја земја треба да ги прави потребните чекори. Се плашам од сегашната ситуација, бидејќи создаваме вакуум за Балканот и сметам дека тој треба да се пополни. Хрватска ќе го преземе претседавањето во средината на 2020 година и за време на нашето претседателство ќе настојуваме Југоисточна Европа да ја внесеме во агендата. За танго се потребни двајца. Ќе ве поддржиме, но вие мора да преземете неопходни чекори”, рече Китаровиќ.

Најавено е дека ќе бидат објавени заклучоците донесени на денешната средба. 

МИА

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе