Реакција

ЕСМ: Мицкоски покажува незнаење од неочекувани размери за производството на електрична енергија

Го потсетуваме Христијан Мицкоски дека АД ЕСМ произведува електрична енергија за граѓаните, односно за домаќинствата, а не за општините или некакви малверзации од општини, реагира компанијата на изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„АД ЕСМ е заштитник на цената на електричната енергија и гарант за спречување ценовен шок за граѓаните. АД ЕСМ испорачува енергија кон ЕВН Хоум по регулирана цена сѐ со цел високите пазарни цени на берзите да не ги погодат граѓаните. Незнаењето или злонамерноста на Мицкоски се недозволиви во овие размери. АД ЕСМ ја надмина енергетската криза со која се соочи државата без ниеден ден рестрикција на струја и без запирање на испораката, вложувајќи ги сите сили и со голема поддршка од Владата.

На крајот, не е јасно што сака Мицкоски да покаже со тоа што пред камерите ги држи фотографиите од поплавениот рудник Суводол, кои АД ЕСМ денеска ги испрати до сите медиуми со цел информирање на јавноста. Доколку Христијан Мицковски се сити на работниците во поплавените рудници кои ги презедоа и ги преземаат сите дејства за канализирање на природните води, се со цел да ги искористи условите на работниците и рудниците за да нанесе штета на раководството или на државните структури, тоа е за секаква осуда“, пишува во реакцијата од АД ЕСМ.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе