Како што информира владината прес-служба, Договорот е одобрен врз основа на овластувањата од прогласената кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.
Договорот за реализација на деловно-техничка соработка има за цел да се обезбеди топлинска енергија за снабдување на жителите на Град Скопје, се наведува во соопштението.
Владата денеска донесе и Одлука со која се одобруваат текстовите на договорите со БЕГ и со топланата Скопје Север АД – Скопје и со која се одобрува работењето на Управниот одбор и на Надзорниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија во државна сопственост, со БЕГ и со Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД – Скопје.