По 16-те пресуди во Стразбур

Ескобар: САД работат на решавање на проблемите на македонското малцинство во Бугарија

Американската амбасадорка во Софија работи на решавање на прашањата за прекршување на човековите права, вели американскиот заменик помошник на државниот секретар, Габриел Ескобар, одговарајќи на прашање за проблемите на македонското малцинство во Бугарија.

На сослушувањето за ангажманот на САД на Западен Балкан на поткомитетот за надворешни работи за Европа во Претставничкиот дом, конгресменката Клаудија Тени кажа дека Бугарија има 16 пресуди од Европскиот суд за човекови права во Стразбур за прекршување на човековите права и правото на здружување на македонското малцинство и го праша Ескобар што прави американската влада да осигура дека Бугарија ги исполнува своите обврски како членка на НАТО, во врска со овие прекршувања на човекови права.

„Нашата амбасадорка во Софија, заедно со нејзините европски партнери, работи на терен да осигура дека овие проблеми ќе бидат адресирани. Нашето партнерство со европските партнери е засновано на вредности, не само на заедничкиот интерес, туку и на споделените вредности и сè што ја нарушува таа врска е причина за голема загриженост за нас“, одговори Ескобар.

 

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе