Ескобар: Отворен Балкан е прекрасна иницијатива, треба да биде отворена за сите

САД ве охрабруваат иницијативата Отворен Балкан да остане економска. Ова не е политички проект, туку е важен економски проект и битно е да остане таков и да се фокусира на создавањето можности за луѓето од регионот и на тој начин ќе имате поддршка, порача заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар во видео обраќањето на Самитот Отворен Балкан.

„САД не го гледаат Западен Балкан од аспект на проблемите што се случуваа во 90-те години, туку преку призмата на можностите на 21 век. А можностите на Западен Балкан се огромни. Западен Балкан е благословен со одлична географска позиција, со прекрасни ресурси, но и со голем претприемачки дух и со децении луѓето од Западен Балкан ја градеа мојата земја, ја градеа Европа и поради благодарност го поддржуваме Западен Балкан, затоа што сакаме да им помогнеме на вашите луѓе да го изградат регионот“, рече Ескобар.

Според него, Западен Балкан има потенцијал да биде центар за обновлива енегргија што ќе помогне за справување со климатските промени.

„Има капацитет да биде центар за течен природен гас и да и помогне на Европа да се ослободи од зависноста на рускиот гас, може да биде центар и за транспорт, за информатичка технологија, за туризам а на неколку начини веќе е дел од Европа што има најбрз раст, а за неколку години ќе се соочиме со економски предизвици, идејата е да се соочиме со нив заедно, и тоа да ни ги олесни работите“, рече тој.

Ескобар додаде дека САД ја поддржуват иницијативата Отворен Балкан и оти нивната поддршка се заснова на неколку работи.

„Прво се работи не само за регионална економска соработка, туку и за интеграција во пошироката европска структура, иако прекуграничната трговија во Западен Балкан е навистина многу важна, главните пазари се европски. Во 70 проценти од вашата трговија веќе се случува со Европа и затоа треба да биде насочено кон поголема европска интеграција. Ние ги поддржуваме сите економски иницијативи што го зближуваат регионот и кои промовираат мир и стабилност меѓу земјите од Западен Балкан“, рече тој.

Ескобар нагласи дека САД веруваат оти со цел ова да биде успешно, треба да биде отворено за сите и оти секоја иницијатива за економска интеграција треба да ги вклучува сите шест земји од Западен Балкан на еднакво ниво.

„Ова е прекрасна иницијатива што доаѓа во многу важно време низ историјата и за развој на Западен Балкан. Се надевам дека ќе стане појасно за тоа како би требало да функционира во иднина и затоа имаме неколку препораки за нашите пријатели. Прво, како што споменав има многу можности и иницијативи за интеграција. Затоа ги охрабрувам лидерите на оваа иницијатива да побараат начини за конкретно да го усогласат Отворен Балкан со сите други иницијативи што функционираат во регионот“, рече тој.

Тој додаде дека САД го охрабруваат и планот за институционален развој на Западен Балкан.

„Може да има и конкуретни предности со создавање поголема предвидливост за инвеститорите, но најважно создавање можност и институционален развој за институциите што треба да го намалат шверцувањето и избегнувањето плаќање даноци, затоа што потребна ни е економија што ќе им помогне на инвеститорите кои сакаат да работат законски. Исто така ги охрабрувам лидерите на оваа иницијатива да се вклучат повеќе и да внесат повеќе засегнати страни, да се ангажираат отворено со стопанските комори во регионот. Но потребно е да се слушне нивниот глас, затоа што тој е важен во формирањето на политиките и институциите на иницијативата Отворен Балкан“, порача Ескобар.

Исто така, тој потсети на неодамна одржаниот стратешки билатерален дијалог меѓу Македонија и САД, каде било договорено дека САД ќе направат сѐ што е во нивна моќ да го стабилизираат регионот и да создадат нови можности за луѓето од Западен Балкан.

 

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе