Есер Џевахир стана почесен конзул на Македонија во Турција

Министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на посетата во Турција му ја врачи егзекватурата на Есер Џевахир, новоименуваниот почесен конзул на Република Северна Македонија во Република Турција, со јурисдикциско подрачје за областите на Едрене, К'ркларели и Текирдаг, и со седиште во Едрене.

Како што соопшти МНР, честитајќи му ја новата, престижна и одговорна позиција на Џевахир, Османи изјавил дека очекува продлабочување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Турција и на можностите за привлекување нови странски инвестиции.

„Важно во Вашиот мандат ќе биде претставувањето на Република Северна Македонија во сите сфери од заеднички интерес, во кои постои можност за интензивирање на постојните врски и соработки. Република Турција е земја со голем потенцијал, кој може да се искористи за развој на билатералните односи“, порачал Османи.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе