Еролд Муслиу за Денот на АР: И ние имаме свој придонес во членството во НАТО и добивањето датум за преговори

Одбележувањето на Денот на Агенцијата за разузнавање е повод сите вработени да се чувствуваат горди на институцијата во која работат. Оваа година прославуваме 25 години од донесувањето на Законот за АР и 22 години од првото вработување и основањето на службата, вели во своето обраќање директорот на АР Еролд Муслиу.

„Агенцијата ја градевме чекор по чекор од самото формирање до денес. Ја градевме чесно, со ентузијазам и посветено. Поминавме многу тешки моменти и пребродивме многу кризи.

Оваа година, имаме посебна причина за која треба да бидеме горди како институција. АР даде свој придонес во зачленувањето на државата во НАТО и добивањето датум за отпочнување преговори со ЕУ. Ова се темелите за градењето на нашата посветла иднина.

Изминатата година, напорно работевме на нов закон за АР, кој за жал не беше донесен поради политички опструкции. Но, ние не се обесхрабруваме со ваквиот чин, напротив ќе продолжиме упорно да работиме за доброто на сите вработени во оваа институција.

Актуелната ситуација во која се најде светот со пандемијата од вирусот ковид -19 е загрижувачка, но мораме да покажеме трезвеност и зрелост за да ја надминеме ваквата тешка состојба. Мерките и препораките кои се применуваат во АР се за доброто на сите вработени, за наша лична заштита и заштитата на нашите најблиски.

Чест и привилегија е да се работи во служба која има есенцијално значење за националната безбедност. АР има голем потенцијал на човечки ресурси кои можат да придонесат во осовременување и градење на ефикасна и професионална служба, ослободена од секакви влијанија. Ве повикувам, заеднички да го дадеме својот максимум за исполнување на нашата визија. Само на тој начин ќе бидеме сигурни дека оставаме трајно наследство за идните генерации“, вели во честитката Муслиу.

 

 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе