Нови детали во скандалот со македонските дипломати

Ерменското обвинителство за ТВ Телма: Миленкоски помогнал бегство на македонски државјанин

Приведениот дипломат со меѓународна потерница Миле Миленкоски од Ерменија помогнал во организирање на бегство на македонскиот државјанин Бранислав Димитријевиќ, осомничен во милионскиот скандал со неизградени патишта за што меѓу првообвинетите и е корумпираниот Левон Саркисјан, велат за ТВ Телма од државното обвинителство во Ереван.

МКД.мк уште на 3 септември објави дека македонските дипломати по наговор на извесен Б.Д., заедно со него со приватен авион отпатувале во Ерменија, наводно за учество на конференција. „Од Ерменија Б.Д. не се вратил со авионот, а на неговото место патувал спомнатиот претставник на претходната власт во Ерменија, наводно со лажен пасош, кого го барала ерменската полиција заради проневера на пари“.

Миленкоски со приватен авион со уште двајца македонски дипломати, еден Бугарин и еден Украинец, најверојатно пилотите го извлекле од Украина осомничениот Бранислав Димитриевиќ кој користел туѓ македонски пасош. Лицето кое му го дало пасошот останало во Ерменија и 15-тина денови по бегството, се обидел да ја премине ерменската граница, но откако утврдиле дека неговиот пасош е користен за излез, тој македонски државјанин е упасен и е во ерменски затвор.

Во истиот период исчезнале и Левон Саркисјан и уште двајца осомничени функционери кои се товарат за милионски измами и перење пари, па сега се истражува дали сомнителната македонска дипломатска свита му помогнала и на Ерменецот да избега, одговорија од ерменското обвинителство за Телма.

„По Миленкоски е распишана потерница во врска со давање помош на сосема друго лице при илегално преминување на државната граница, а станува збор за помош на лице кое не е државјанин на Република Ерменија. Доколку македонската страна има други конкретни факти, бараме од нив директно да ги достават до надлежните органи на Република Ерменија“, вели во изјавата за Телма Гор Абрахамијан, советник на државниот обвинител во Ерменија.

Потерницата по македонски дипломати и приведувањето на Миле Миленкоски, дипломатот од мисијата на Македонија во ОБСЕ во Виена, од страна на српските погранични власти отвори огромен скандал во Македонија. Се отворија многу прашања за тоа кој сѐ би можел да биде замешан во прикривањето на овој скандал во кој се замешани главно луѓе од министерствата за надворешни и внатрешни работи и одговорни лица од другите безбедносни структури во Македонија. Почнаа меѓусебните обвинувања на актуелни и поранешни министри за тоа кој кога за што бил одговорен, се префрлуваше вината од еден на друг… но сето ова отвори една голема дупка за слабостите на системот, процедурите, контролните механизми и корумпираноста на поединците во целиот тој ланец на одговорни лица.

Според сите инволвирани лица во овие институции, излегува дека сите одговорни лица по нешто знаеле за овој скандал, но молчеле и ништо не презеле. Паѓаат ли со ова сите безбедносни системи за проверка при издавањето на сертификатите?

Сите знаеле, знаеле за некакви сомнителни активности на македонски дипломати во Ерменија, но никој не кренал глас против решението Миле Миленкоски да оди на нова дипломатска задача во ОБСЕ во Виена. На 13 февруари 2019 година тој го добива потребните докумети, а во 2021 година со решение потпишано од министерот Бујар Османи оди за Виена како нов заменик шеф на државната мисија во ОБСЕ во Виена.

МВР на 29 јануари 2020 година бара информации од МНР за тројца македонски дипломати за сомневања за сторени кривични дела кои се гонат по службена должност. Се уште немаме информација од МВР дали МНР воопшто и одговорило на ова барање.

Во ова писмо на МВР е и името на Миле Миленкоски, дипломатот кој една година потоа бил испратен во Виена без никакви резерви од страна на службите.

Денеска министерот Бујар Османи потврди дека имало таква коресподенција со МВР и најави итна операција со која сите амбасадори и дипломати до петок мора да побараат нови безбедносни сертификати.

Кој ќе одговара за досегашните пропусти?

А.Д.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе