По приведувањето на македонските дипломати во Врање

Ерменија очекува македонските власти да им го предадат македонскиот дипломат Миленкоски

Јавното обвинителство на Ерменија официјално инфомираше дека од македонските правосудни власти очекуваат да им биде предаден македонскиот дипломат Миле Миленкоски откако ќе бидат подготвени и испратени сите неопходни документи за екстрадиција.

Заменик шефот на македонската мисија во ОБСЕ во Виена Миле Миленкоски на 27 август бил приведен на српската граница по меѓународна потерница. Се претпоставува дека потерницата е издадена од ерменските власти откако било откриено дека тројца македонски дипломати помогнале во бегството на ерменски дипломат обвинет во Ерменија за затајување данок, перење пари и корупција. Има и друга претпоставка дека потерницата била издадена од австриската полиција за некакви финансиски проневери извршени од Миленкоски во таа земја.

Миле Миленкоски

Засега, македонското Министерство за надворешни работи потврди дека еден македонски дипломат е приведен во Србија, но не соопшти кој и за што, ниту пак ја потврди информацијата дека бил приведен уште еден македонски дипломат кој отишол во затворот во Врање да го посети Миленкоски. Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера најави детална проверка на сите дипломати „за да не се случи повторно ваков скандал, лица барани со потерници да работат како дипломати“.  

Бегството на ерменскиот дипломат, Левон Саркисјан, брат на поранешниот ерменски претседател Серж Саркисјан, било организирано со приватен авион со кој тројцата македонски дипломати отпатувале за Ерменија во нивната „спасувачка мисија“.

Миле Миленкоски меѓу македонските дипломати бил познат како личност вмешан во многу скандали, инциденти по македонските дипломатски претставништва, сомневања за финансиска измама во македонскиот конзулат во Детроит, физички пресметки со колеги, враќан пред завршување на мандатот во Скопје, недолично однесување како дипломат...

И покрај сите овие инциденти и потерници неодамна Миленкоски беше пратен на нова дипломатска задача во Виена што отвора сериозни прашања за процедурите и контролите што треба да ги вршат безбедносните служби.

А.Д.

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе