Според турската амбасадорка

Ердоган ќе присуствува на свеченото отворање на обновената џамија во Охрид

Турската амбасадорка во Македонија Тулин Еркал Кара денеска ја посети Алипашината џамија во Охрид и најави дека претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ќе допатува на свеченоста по повод промовирањето на реконструираниот верски објект. Таа уште истакна дека се работи на усогласување на терминот со македонските власти за присуство на свеченото отворање на обновената џамија.

Алипашината џамија беше реконструирана со финансиска поддршка на Република Турција.

„На претседателот Ердоган му беше сон реставрирањето на објектот. Република Туриција и Република Северна Македонија се братски држави. Турција преку агенцијата Тика и вакавското здружение има реновирано повеќе обејкти во Северна Македонија. Нашето пријателство е засекогаш и долгорочно“, изјави денеска амбасадорот Кара.

Таа уште нагласи оти не гледа ништо спорно во реконтрукцијата, односно оти било испочитувано сѐ што било договорено помеѓу двете држави во врска со реконструкцијата на верскиот објект.

Реконструкцијата на минарето на џамијата во Охриод предизвика бурни реакции на жителте на Охрид, а спопред сите официјални информации се работи за реконстррукција на дивоградба, без почитување на сите неопходно процедури за изведување на ваков тип на градежни активности.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе