Ердоган до Иванов: Ние први го признавме уставното име на Македонија и од ова не мрдаме ни лево ни десно

Деблокадата на интегративните процеси е клучна за долгорочна стабилност, безбедност и напредок на целиот регион. Во наредниот период очекуваме конструктивна поддршка, помош и отворено лобирање за членство на Република Македонија во Алијансата од страна на нашите пријатели-земји членки на НАТО, изјави претседателот Ѓорге Иванов по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Иванов се заблагодарил за принципиелниот став на Турција за решавање на билатералниот спор со Грција околу името. 

„Во 21век недозволиво е сувереното право на самоопределување на една држава, гарантирано со Повелбата на ОН, да биде оспорувано од која било друга држава. Разликата околу името треба да се решава во рамките на ООН и во рамката  дефинирана со Повелбата на ОН, резолуциите на Советот за безбедност на ОН, Времената спогодба и пресудата на Меѓународниот суд на правдата од 2011. Задирањето во прашања како што е идентитетот, јазикот и Уставот на Република Македонија, не придонесува, туку напротив го отежнува процесот за изнаоѓање на решение. Ме радува фактот што претседателот Ердоган и при оваа посета искажа целосно разбирање за нашите ставови по однос на оваа тема и стои на македонска страна“, рече Иванов.

Ердоган ја повторил поддршката на Турција за интеграција на Македонија во НАТО, а го реафирмирал и принципиелниот став во однос на употребата на уставното име на Република Македонија.

„Ние сме први што го признавме уставното име на Република Македонија. Она што го мислевме тогаш, го мислиме и сега. Ние не мрдаме ни лево ни десно. Турција во дипломатијата никогаш не се однесува двострано. Ние откако сме донеле своја одлука, ние умираме, но не се враќаме назад“, рече турскиот претседател Ердоган, истакнувајќи дека покрај признавањето на уставното име на Македонија и името на нацијата, Турција била првата земја што испратила свој амбасадор во Македонија.

На средбата, како што соопшти кабинетот на Иванов, била констатирана потребата од интензивирање на соработката во борбата против тероризмот.

„Ги следиме сите акции што ги презема Република Турција, свесни сме кое зло ѝ е нанесено на Турција од терористички организации, особено од организацијата ФЕТО. Ние уште на самиот почеток како држава го кажавме нашиот став и поддршка за сите легитимно избрани институции во Република Турција. Суверено право на Турција е да ги заштити граѓаните и границите од сите форми на тероризам“, рекол Иванов.  

Според Ердоган, Македонија ја изразила својата решителност во врска со борбата на турските власи против теророр, особено, како што рекол против ФЕТО, која е опасност за двете држави.

„Оваа организација мора да ја искорениме од сите места во светот. Македонија е земја којашто направи конкретни работи во врска со оваа битка“, изјавил Ердоган. 

Двајцата претседатели разговарале и за внатрешните политички прашања на двете земји, за актуелните состојби во регионот, како и за прашањата од надворешно- политички интерес за двете земји. 

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе