Емилија Трајковска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ на местото на Невенка Стаменковска Стојковски

Емилија Трајковска од Куманово, од листата на кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата треба да ја замени пратеничката Невенка Стаменковска-Стојковски до истекот на мандатот на овој парламентарен состав, откако таа беше избрана за заменик-министер во техничката Влада.

Државната изборна комисија (ДИК) добила согласност од Трајковска, по што изготвила Ивештај кој денеска ќе биде испратен до Собранието.

Потоа во редовна и предвидена постапка, како што информираше денеска претседателот  на ДИК, Оливер Дерковски, за нејзиниот мандат треба да се изјасни собраниската Комисија за политички систем и да биде верификуван на пленарна седница, по што од Државната изборна комисија ќе добие и решение.

Според Дерковски, Трајковска ќе ја извршува пратеничката функција до истекот на мандатот на овој пратенички состав на 11 февруари, кога Собранието ќе биде распуштено поради одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април.  

 

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе