Емил Димитриев замина од СЈО, побарал увид во доказите за „Талир“

Во Специјалното јавно обвинителство заврши распитот на поранешниот технички премиер и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев за случајот „Талир“.

Димитриев во СЈО дојде заедно со адвокатот Никола Додевски и се задржа околу еден час.

„Бев повикан во својство на осомничен и побарав увид во доказите“, изјави кусо Димитриев по излегувањето од СЈО.

Пред новинарите кажа дека после тоа ќе се произнесе за случајот, а дотогаш, како што рече, „да оставиме да тече постапката“.

Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Илија Димовски и Леко Ристоски се дел од осомничените кои не ги примиле поканите за распит за „Талир“.

Во случајот „Талир“ осомничени се 14 лица дека сториле кривично дело – перење на пари и други приноси, од казниво дело по член 273 став 5 вв став 1 од КЗ, при што 11 лица се осомничени како директни извршители, додека две лица се осомничени како помагачи за истото кривично дело, а првоосомничен е партискиот лидер.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе