ЕЛЕМ призна, синот на пратеничката Стојчевска од СДСМ е нивен нововработен

Виктор Стојчевски, син на пратеничката Мира Стојчевска од СДСМ е нововработено лице во ЕЛЕМ. Според оваа компанија, тој ги исполнил бараните услови на конкурсот.

„Виктор Стојчевски е примен во редовен работен однос во компанијата по претходно објавен оглас за вработување. За работното место за кое конкурирал, наведениот ги исполнувал сите критериуми наведени во огласот. Комисијата одлучила почитувајќи ги сите законски одредби”, соопшти АД ЕЛЕМ.

Денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, изјави дека синот на пратеничката Мира Стојчевска од неодамна работи во ЕЛЕМ.

Претходно во ЕЛЕМ се вработија и ќерката на собранискиот спикер Талат Џафери и синот на Мирослав Грчев, истакнат член на СДСМ.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе