Нови пораки од Чикаго

Ел Чека со закана кон Заев: Меѓународна истрага за Диво Насеље тогаш среде Скопје ќе се случи уште едно Куманово

„Ако продолжете вака, Струмица ќе ви изгледа многу далеку. Немате друг избор. Затоа или меѓународна истрага или казната ќе ја добиете од народот... Ова не го сметајте за закана, не е закана. Ова енешто што ќе се случи ако нема меѓународна истрага. Уште многу крв треба да се истури на корените на дрвото на слободата, и имаме многу животи да дадеме за да го запреме одземањето на нашите животи од страна на државата монструм и нивните ортаци од ДУИ", се јави повторно со фејсбук-порака Ел Чека кој бара меѓународна истрага за случајот Диво Насеље.

„Зоран Заев, имам една порака која треба да ти ја пишам тебе и на сите оние околу тебе. Ако продолжиш вака, твојот задник ќе го нема на фотељата на која што седиш сега. Тогаш ќе бараш место каде да се скриеш ти и твоите колеги од двете страни со кои секоја година продолжувате со политиките против албанскиот народ“, му се обрати Ел Чека директно на Заев.

Ел Чека е псевдоним за лицето Шеќерим Ахмеди од Кичево, кој последниов период објави неколку компромитирачки снимки за функционерите на ДУИ. Тој пораките ги праќа од Чикаго, САД.

„Ти самиот изјави дека Али Ахмети и Садула Дураку се замешани во случајот Куманово, заедно со некои други лица од редовите на ДУИ. За мијалковци и за груевци знаевме и не очекувавме друго нешто од нив. Дури и претседателот, кој е од редовите на вашата партија, изјави дека главните сторители не се осудени. Затоа, ако не се отвори меѓународна истрага за случајот Куманово, за да се расветлат сите убиства на војници и команданти на ОНА, командант Тели, Харун Алиу и многу други предавства и убиства од страна на државата која вие ја водите, ако не се побара меѓународна истрага за сите неправедни апсења на Албанците во текот на сите овие години, ако не одат во затвор криминалците кои предаваа и убиваа, крадеа и затвораа, тогаш очекувај уште едно Куманово среде Скопје. Ако продолжете вака, Струмица ќе ви изгледа многу далеку. Немате друг избор. Или меѓународна истрага или казната ќе ја добиете од народот. ЗАЈЧЕ ова не го сметајте за закана. Не е закана. Ова е нешто што ќе се случи ако нема меѓународна истрага. Одлуката донесете ја вие премиере на заробените“, предупредува на својот фејсбук-профил Ел Чека.

Основното јавно обвинителство Кичево поднесе обвинение против Ел Чека за, како што се наведува, продолжено кривично дело – неовластено прислушување и тонско снимање по член 151 став, 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

 

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе