Повторно се јави

Ел Чека со порака до Заев: Внимавај, нешто им се спрема на осудените од „Диво Насеље”

Лицето во јавноста е познато под псевдонимот „Ел Чека“, преку својот фејсбук профил му упати предупредување на премиерот Зоран Заев да внимава на затворениците во случајот „Диво Насеље”. 

Ел Чека, како што вели во последната порака, добил информации од Обвинителството оти периодов нешто се подготвувало против затворениците од случајот „Диво Насеље“.

Тој прецизира дека изворот му пренел оти осудените Сами Укшини, Валдет Зекај и Шефќет Калачи не треба да ја јадат затворската храна ниту пак, да излегуваат од келиите.

„Зоран Заев мора да знае дека, ако нешто се случи, нека ја заборави приказната на Заеви, Алиевци и сите нивни соработници!“, порачува Ел Чека.

Тој бара премиерот да преземе мерки  и да организира меѓународна истрага, а ако не го стори тоа ќе ја објави „бомбата“ за монтираниот случај Сопот, а рокот што го „дава” за меѓународна истрага и за преземање мерки од страна на премиерот од 62 дена.

Ел Чека кој е роден во Кичево, во моментов живее во Чикаго, а последните денови објави десетици прислушувани телефонски разговори на социјалните мрежи.

 

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе