Нови пораки од Чикаго

Ел Чека продолжува со објавувањето на „бомбите“ за ДУИ и најавува дека сите материјали ќе ги предаде на ЦИА

Меѓу новите неколку „бомби" што ги објави ноќеска и утринава Ел Чека на својот фејсбук-профил има и една што се однесува на запрениот попис во 2011 година. Во наводниот разговор меѓу Али Ахмети и Муса Џафери се слуша како соговорниците заклучуваат дека со пописот може да се открие вистинскиот број на граѓаните на Македонија.

Во новите снимки има разговори на тема инвестиции и приватизации наводно меѓу Фазли Велиу, Агим Чеку, Фатмир Дехари, Eнвер Малиќи, Ахмет Зогун...

Ел Чека од Чикаго порачува - или криминалците од ДУИ ќе бидат уапсени, или Владата на Заев ќе падне.

„Сега Али Ахмети, Муса Џафери, Бекир Асани и сите други ќе ја разберат мојата посветеност. Ќе ги објавам сите прислушувани разговори што ги имам, а потоа ќе ги испратам во ЦИА и до амбасадата на САД во Скопје“, порачува Ел Чека.

Тој продолжува да најавува дека има голем дел од прислушуваните разговори кои е подготвен да ги објави. Едно од неговите барања е и меѓународна истрага за случајот Диво Насеље во Куманово. Ел Чека смета дека мора да се расчисти со криминалците во Владата или таа ќе падне.

Toj во интервју за албанските медиуми изјави дека поседува околу 6.000 снимки, а во една прилика напиша дека командант Соколи му порачал да ги објави сите прислушувани разговори.

Според неговите досегашни пораки може да се заклучи дека е тој близок со осудените за настаните во Куманово, во Диво Насеље во 2015 година и дека работи по нивен налог. 

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе