Нови снимки од Чикаго

Ел Чека не прекинува, нова „бомба“ за тоа како Бујар Османи се обидувал да влијае на судска одлука за убиство

Од прислушуваниот разговор, наводно меѓу Али Ахмети и Садула Дураку, што Ел Чека го објави на својот најнов фејсбук-профил (El Chekaa), може да се заклучи дека соговорниците зборуваат за тоа како министерот Бујар Османи кај двајцата интервенирал за влијание во судска пресуда за убиство што се случило во 2010 година.

Ел Чека на својот фејсбук-профил пишува дека Ахмети и Дураку зборуваат за тоа како да се прикрие убиец, кој убил нeвин човек. За прикривање, од нив помош побарал актуелниот вицепремиер за европски интеграции, Бујар Османи. „Кој е Бујар кој бара од Али Ахмети и Садула Дураку да прикpијат yбиeц, кој, како што и Садула вели, убил нeвин човек. Зошто тој од Али Ахмети бара да се смени името на кpиминалецот. Дураку вели дека Османи се сретнал и со него. Зошто Али Ахмети е толку близок со yбиjцитe и со кpиминалците кои бараат од него да интepвенира по cyдовите и кај cвeдoците“, пишува Ел Чека.

Убиството се случило во 2010 година, а разговорот најверојатно бил воден две три години потоа, за време на судската процедура. Се работи за расправија меѓу членови на познатата фамилија Ајвази од Арачиново, инаку блиска до ДУИ, и роднини на убиениот. За време на тепачката, убиениот Салиу, инаку брат на новинар, се обидел да помогне, да ја смири ситуацијата, но во него било пукано од огнено оружје. Во тепачката било рането уште едно лице. Еден е осуден, ама останале сомневањата дали е тој вистинскиот убиец или братучед на убиецот.

Еве деl од транскриптот на разговорот:

Али Ахмети: Не знам дали ти се јави Бујар.

Садула Дураку: Да, да ми се јави. Му кажав, се сретнав јас со него.

АА: И, тие сакаат да намecтат некој кој не е винoвен, што го нема направено тој, туку го направил некој друг. Не знам, ти објасни Бујар.

СД: Да, да. Јас и се сретнав со него.

АА: Си се сретнал?

СД: Јас се сретнав пред да дојдe кај тебе. И рекоа дека ќе разговараат, тие се плaшaт дека на тоа детето (неразбирлив дел од разговорот). Сега јас не знам, детето кажа, како се случи оваа работа. Само знам дека човекот го yбиja без никаква винa.

АА: Да де.

СД: И, не знам, за тоа кој беше, не знам ама би требало да е тој Мурат. Така е барем според полициjaта. Јас не бев на местото на нacтанот. Имаше и уште двајца со кола. Е сега, дали се симна ова детето или не се симна (од колата),  јас не ја знам таа работа.

АА: Аха.

СД: И овие ме замолиja да одам да зборувам со неговото семејство.... Јас може да разговарам со тој, новинарот, дека така и така, тоа е што пренесовте, што се овие зборови. Друго нешто, реков, јас немам можност да направам. И татко му е бoлeн. На новинарот му кажав дека можам да разговарам, тој и не е тука на одмор беше во Турција. И така остана. Бујар ми рече и за секретарот на cyдот. На секретарот на cyдот, му реков на Бујар, јас не одам да му речам.

АА: Не.

СД: Ова беше муабетот. Не можам сега да одам и да му кажам да ги ocлободат, а човекот го yбиja без никаква винa. Сега јас не знам дали е учесник или не е учесник, opганите ги следат овие работи. Ова беше муабетот...

Владата не ги зема сериозно „бомбите“ на Ел Чека, во која главните протагонисти се високи функционери на ДУИ, вклучувајќи го и лидерот на партијата, Али Ахмети. Портпаролот на владата, Мухамет Хоџа, не кажа дали објавените разговори поттикнале недоверба меѓу коалициските партнери.

Основно обвинителство во Скопје, по добивањето на податоците од Секторот за кибернетски криминал и дигитална форензика на Министерството за внатрешни работи, го поднесоа случајот за обработка во обвинителството во Кичево. Овие пак го гонат „Ел Чека“ за две кривични дела, прислушување и неовластено објавување телефонски разговори. Оттаму велат дека местото од каде се врши делото, Чикаго, САД не е единствената локација од која се објавуваат прислушуваните материјали.

„Го испитуваме случајот со прекршувањата што се направени за време на овие објавувања на прислушувани разговори. Обвинителството има постојана комуникација со надлежните органи на САД за да спречи нови публикации и да обезбеди материјални докази за засегнатото лице”, објави пред десетина дена ОЈО на Кичево.

Истрагата продолжува, ама и Ел Чека продолжува со нови објавувања на прислушувани разговори. Тој бара меѓународна истрага за случајот Диво Насеље. За неодамна објавени бомби, шефот на специјалното обвинителство, Катица Јанева, изјави дека истите не произлегуваат од нивниот систем, но додаде дека разговорите што ги објави Ел Чека ги поседува и Специјалното јавно обвинителство.

Тој вели дека поседува голем број на разговори и дека истите ги добил од обвинетите за Диво Насеље, Сами Укшини познат како Командант Соколи, Ваљон Зека и Шек Халачи кои моментално се наоѓаат во затвор.

„Чекавме 4 години за да има правда, за да интервенира меѓународната заедница во врска со овој случај, но еве тоа уште не се случило. Поседуваме многу видеа и нема да престанеме сѐ дури нема истрага од меѓународната заедница. Кога странците ќе интервернираат сите прислушувани материјали ќе им бидат дадени“, најави уште претходно вели Ел Чека.

Ел Чека кој е роден во Кичево, во моментов живее во Чикаго, а последните денови објави десетици прислушувани телефонски разговори на социјалните мрежи.

 

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе