Му возврати на Заев

Ел Чека: Да ви ги е**м законите на таа држава што ги ослободува криминалците

Ел Чека денеска експресно му одговори на премиерот Зоран Заев кој порача дека кога-тогаш ќе одговара за објавувањето на прислушкувани материјали. 

Ел Чека објави неколку статуси на еден од неговите Фејсбук профили, но дел од нив веднаш беа избришани. 

„Зоран Заев знам што ти е проблемот. Пропадна организираниот криминал што го имавте со СЈО. Пропадна планот за рекетирање и уценување! Јас сум ги прекршил законите? Ако е така, да ви ги е**м законите на таа држава што ги ослободува криминалците, а ги држи Албанците по затворите”, напиша Ел Чека на Фејсбук. 

Тој му порача на Заев и да престане да вели дека прислушувањето го правела претходната власт и дека прислушувањето го правел некој друг, а не криминалците на Груевски и Мијалков, како и да престане да се претставува како жртва. 

Претходно Заев на денешната прес-конференција во Владата му се закани на Ел Чека дека ќе одговара за објавените разговори и го повика ако има материјали и за него, да објави како што тоа го прави за лидерот на ДУИ Али Ахмети и други функционери од партијата. Заев кажа и дека е згрозен што се објавени приватни разговори и дека веќе се побарани информации од странските држави за кои има сознанија дека оттаму Ел Чека ги објавува снимките. 

 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе