Порака од Чикаго

Ел Чека бара меѓународна истрага за Диво Насеље или најавува „уште пострашни бомби“

Човекот што од Чикаго на фејсбук-профилот Ел Чека овие два дена објави неколку досега необјавени прислушувани разговори, главно меѓу функционерите на ДУИ, најавува продолжување на своите активности ако државата не го спроведе она што ДУИ го вети, а тоа е меѓународна истрага за кумановските настани.

Во бомбите на Ел Чека се слушаат разговори наводно на високи функционери на ДУИ, почнувајќи од Али Ахмети, Муса Џафери, Блерим Беџети...

Валдет Зекај, осуден на доживотна казна, Шефќет Халаќи и Сами Укшини или командант Соколи кои добија 40 години затвор за терористички напад во Диво Насеље, преку адвокатот Насер Рауфи барале да бидат известени медиумите дека тие ги поседуваат „бомбите“ . Тие наводно побарале од Ел Чека да ги објавува од Чикаго, каде што моментално живее.

На фејсбук-профилот Ел Чека има најави за уште поконтроверзни разговори на функционери од ДУИ ако не се спроведе меѓународна истрага за овој случај.

Денеска претседателот на Собранието Талат Џафери, откако беше прашан за овие „бомби“, одби да даде каков било одговор. 

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе